На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути стагнира, откако минатата седмица падна за 1,4 отсто.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување во понеделникот се движи околу 105,07 поени, како и во петокот пред затворањето на пазарот.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 149,35 на 149,55 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0725 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0730 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа, откако минатата седмица потонаа за околу 6 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,44 отсто, на 85,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,57 отсто, на 80,95 долари.