На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути дополнително зајакна, продолжувајќи го позитивниот тренд од минатата седмица.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување порасна за 0,14 отсто, на 103,85 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за 0,1 отсто, на 151,70 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна за 0,1 отсто, на 1,0825 долари.
Цените на нафтата, пак, нагло паднаа, откако минатата седмица скокнаа за повеќе од 4 отсто.
Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 1,55 отсто, на 89,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 1,51 отсто, на 85,60 долари.