На валутните пазари вредноста на американскиот долар во претпладневото тргување во вторникот во однос на кошницата валути порасна по коментарите на челнико на американската централна банка Џером Пауел.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 100,80 поени, додека вчера во истио период од тргувањето изнесуваше 100,40 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 142,45 на 144,30 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1135 долари, додека вчера во истиот пресек на пазарот изнесуваше 1,1167 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа, надоместувајќи дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,13 отсто, на 71,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,19 отсто, на 68,30 долари.