Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

На валутните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 102,86 поени, додека вчера во истио период од тргувањето изнесуваше 102,50 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 148,30 на 149,05 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0940 долари, додека ден претходно во овој момент изнесуваше 1,0975 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,84 отсто, на 77,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,90 отсто, на 73,90 долари.