Доларот зајакна, цената на нафтата порасна

На валутните пазари вовторникот претпладневот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 107,37 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,95 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 154,10 на 154,05 јени. Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0460 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,0480 долари.

Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,25 отсто, на 73,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,23 отсто, на 69,10 долари.