На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми во раното претпладневното тргување во четвртокот.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи на 106,60 поени, додека ден претходнно во истиот период од тргувањет изнесуваше 106,16 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,70 на 149,75 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0540 долари, додека вчера во ова време беше 1,0575 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,48 отсто, на 91,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,25 отсто, на 88,10 долари.