Доларот зајакна, цените на нафтата паднаа

На валутните пазари во петокот претпладнето се зголеми вредноста на американскиот доларот во однос на кошничката валути, откако швајцарската централна банка вчера неочекувано ги намали каматните стапки, што предизвика пад на курсот на франкот во однос на доларот за околу 1 отсто.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,21 поен, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,22 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 150,45 на 151,50 јени, блиску до највисокото ниво во последните неколку децении.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0835 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0940 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,68 отсто, на 85,20 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,72 отсто, на 80,50 долари.