На валутните пазари во раното претпладневно тргување во понеделникот, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути остро порасна откако Вашингтон воведе царини, бидејќи американската валута се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесните времиња.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 109,65 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 108,50 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од 155,20 на 155,55 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0240 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,0365 долари.
Откако САД воведоа царини за увозот од Канада, Мексико и Кина, цените на нафтата пораснаа, враќајќи дел од загубите од минатата седмица.
Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,96 отсто, на 76,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 1,90 отсто, на 73,90 долари.