Доларот зајакна, цените на нафтата растат

На валутните пазари во понеделникот во претпладневото тргување, вредноста доларот во однос на кошницата валути благо се зголеми, по најавата на американскиот претседател Донал Трамп за воведување нови царини.

Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 108,25 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 108,10 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,3 отсто, на 151,95 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, за 0,1 отсто, па цената на еврото се лизна на 1,0315 долари.

Цените на нафтата, пак пораснаа, откако минатата седмица паднаа за повеќе од 1,5 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,62 отсто, на 75,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,63 отсто, на 71,45 долари.