На валутните пазари вредноста на американскот долар во однос на кошничката валути се зголеми, по објавувањето на записникот од седницата на челниците на американската центрана банка.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,85 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,57 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 156,25 на 156,75 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0830 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,0860 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,55 отсто, на 81,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,66 отсто, на 77,05 долари.