Доларот зајакна, нафтата поевтини

На девизните пазари во се зголеми вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,69 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 104,45 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 155,80 на 156,40 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0860 долари, додека вчера во ова време беше 1,0875 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,56 отсто, на 83,25 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,60 отсто, на 79,30 долари.