На девизните пазари во вторникот во претпладневното тргување, вредноста на доларот во однос на кошницата валути се оддалечи од најниското ниво во последните 13 месеци.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 100,90 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 100,64 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 143,90 на 144,80 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1160 долари, додека вчера во истиот пресекод тргувањето изнесуваше 1,1185 долари.
Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,23 отсто, на 81,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,36 отсто, на 77,15 долари.