На валутните пазари во средата во претпладневното време вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути благо порасна.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 100,85 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 100,70 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 140,65 на 141,35 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1120 долари, додека вчера истиот период од тргувањето изнесуваше 1,1125 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,42 отсто, на 73,40 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,44 отсто, на 70,85 долари.