На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата со валути се зголеми во четвртокот во раното претпладневно тргување, бидејќи доларот се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладневоа се движи околу 106,56 поени, додека вчера во иститот пресек од тргувањето изнесуваше 106,18 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 154,85 на 155,05 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0550 долари, додека вчера во истиот прериод од тргувањето изнесуваше 1,0598 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајкна за 0,32 отсто, на 73,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,35 отсто, на 68,95 долари.