На валутните пазари во претпладневното тргување во средата благо порасна вредноста на доларот во однос на кошничката валути.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,65 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 105,50 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 159,60 на 159,75 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0710 долари, додека во истиот период од тргувањето во вторникот беше 1,0735 долари.
Цените на нафтата, пак, повратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,39 отсто, на 85,35 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,48 отсто, на 81,20 долари.