Доларот зајакна, нафтата поскапе

На валутните пазари вредноста на американскиот доларот во однос на кошницата валути порасна во четвртокот во претпладневното тргување, бидејќи по извештајот за инфлацијата во САД стивнаа очекувањата за остро намалување на каматните стапки од страна на американската централна банка.

Имено, потрошувачките цени во август пораснаа за 0,2 отсто на месечно ниво, очекувано, но основната стапка на раст на цените, без цените на енергијата и храната, порасна повеќе од очекуваното – за 0,3 проценти.

Овие податоци не го променија уверувањето на инвеститорите дека американската централна банка ќе ги намали каматните стапки во септември, по неколкугодишна рестриктивна монетарна политика. Но, сега е речиси сигурно дека Fed ќе ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени, а не како што некои очекуваа, за 0,50 процентни поени.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,76 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 101,45 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,50 на 142,55 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1010 долари, додека вчера во истото време изнесуваше 1,1040 долари.

Челниците на Европската централна банка (ECB) денеска ќе одржат редовна седница, а се очекува пазарот да ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени.

Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладенво зајакна за 0,62 отсто, на 71,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,56 отсто, на 67,70 долари.