Доларот зајакна, остар пад на цените на нафтата

На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути дополнително се зголеми во претпладневното тргување во понеделникот, па трендот на зајакнување на американската валута влезе во петтата седмица.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 104,55 поени, додека во петокот навечер на затворањето на трговскиот ден изнесуваше 104,32 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 152,30 на 153,80 јени.

Сепак, американската валута стагнира во однос на европската, па цената на еврото се движи околу 1,0790 долари, како и во петокот навечер.

Цените на нафтата, пак, остро паднаа и ги загубија сите добивки од минатата седмица, кога пораснаа за повеќе од 3,5 отсто.

Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево потона за 4,5 отсто, на 72,60 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 4,6 отсто, на 68,45 долари.

Падот на цените се должи на намалувањето на тензиите на Блискиот исток, со неодамнешниот воздушен напад на Израел врз Иран насочен само кон одредени воени цели наместо врз енергетските објекти, како што стравуваа трговците.