На валутните пазари вредноста на американскиот доларот во однос на кошничката валути се зголеми во средата, додека цените на нафтата бележат последователен пад.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 102,15 поени, додека во истиот период од денот од вчерашното тргување изнесуваше 101,43 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,20 на 141,95 јени. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0950 долари, додека вчера во овој перио изнесуваше 1,1035 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево се лизна за 0,25 отсто, на 75,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,27 отсто, на 70,20 долари.