Доларот зајакна, пад на цените на нафтата

На девизните пазари во раното претпладневно тргување во понеделникот се зголеми вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 105,05 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 104,95 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за околу 0,5 отсто, на 153,45 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0715 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0718 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа, откако минатата седмица пораснаа за околу 1 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,38 отсто, на 73,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,48 отсто, на 70,05 долари.