Доларот зајакна, раст на цените на нафтата

На девизните пазари во претпладневното тргување во средата вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми, по пораките на централната банка на САД.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 103,55 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 103,36 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 147,20 на 146,80 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0810 долари, додека вчера во истиот период од тргувањет изнесуваше 1,0845 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,37 отсто, на 80,85 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,40 отсто, на 76,15 долари.