Доларот зајакна, раст на цените на нафтата

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми во претпладневното тргување на средата.

Индексот на доларот, кој ги искажиува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 106,36 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,16 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,10 на 151,70 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0535 долари, додека вчера во ова време беше 1,0555 долари.

Еврото е под притисок бидејќи Европската централна банка (ECB) се очекува да ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени во четврток.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,64 отсто, на 72,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,67 отсто, на 69,05 долари.