На валутните пазари во раното претпладневно тргување во четвртокот вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна втор ден по ред, со што повторно се приближи до највисокото ниво во последните две години.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 109,05 поени, додека вчера во исстиот пресек од тргувањето изнесуваше 108,55 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 158,20 на 158,30 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0310 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0350 долари.
Цените на нафтата, пак, благо пораснаа по вчерашниот пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,05 отсто, на 76,20 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,06 отсто, на 73,35 долари.