Доларот за првпат во историјата ја надмина рубљата

Доларот утринава на отворање на тргувањето на Московската берза првпат во историјата достигна вредност над 40 рубљи.

Рубљата паѓа во однос на доларот, реагирајќи на гео-политичките случувања и намалувањето на светската цена на нафтата.

Стручњаците сметаат дека централната банка продолжува да ги продава девизите за да го исконтролира слабеењето на рубљата.