![dolar nafta](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/Globe-dolar-nafta.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
На девизните пазари во четвртокот во пртпладневното тегување вредноста на американскиот доларт во однос на кошничката валути значително се зголеми, по извештајот за инфлацијата во САД.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 105,15 поени, додека вчера во истиот момент од тргувањето изнесуваше 104,12 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна од вчерашните 151,75 на 152,90 јени. Додека доларот се движи околу највисоките нивоа во последните 34 години, јапонските власти предупредуваат дека може да интервенираат на пазарот за да спречат натамошното слабеење на јенот.
А американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0745 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0850 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,30 отсто, на 90,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,28 отсто, на 86,45 долари.