Долг телефонски разговор на Нетанхају и Путин

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху имал долг телефонски разговор со рускиот претеседател Владимир Путин чијашто единствена тема била ситуацијата во Појасот Газа и поширокиот регион, се дознава од штурото соопштение на кабинетот на израелскиот челник
.
„Премиерот изрази благодарност до Русија за нејзините напори во ослободувањето на државјаните на Израел со руско државјанство и изјави дека Израел ќе ги искористи сите средства, и политички и воени, за да ги ослободи нашите граѓани земени во заложништво“, се наведува во објавата од кабинетот на Нетанјаху.

Се истакнува дека во текот на разговорот Нетанјаху побарал од Москва да изврши притисок врз Црвениот крс за израелската страна да добие пристап до заложниците во Појасот Газа.

Израелскиот премиер притоа го истакнал незадоволството на Израел од позицијата на риските дипломати во Обединетите нации и во другите меѓународни организации и настани на Блискиот исток. Нетанјаху, исто така, ја критикувал „опасната соработка“ на Москва со Техеран.

Израелското државни радиот Kan во прилогот наведува дека телефонскиот разговор меѓу Нетанјаху и Путин траел 50 минути.

Кремљ засега не се огласи со соопштение во врска со телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател и израелскиот премиер.