Сообраќајот на сите државни патишта во републиката се одвива по претежно суви и чисти коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на повисоките и осојничави места.
Поради појава на магла е забележана намалена видливост во Кичево до 60 метри и во Градско до 30 метри.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Од 15-ти ноември започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска ќе трае до 15-ти март следната година.