Долги редови во Њујорк за вакцинирање против мајмунски сипаници

People wait in line to receive the monkeypox vaccine outside a vaccination center in Brooklyn, New York. (Photo: AFP/Kena Betancur)

Осуммилионскиот Њујорк стана епицентар на епидемијата на мајмунските сипаници, а тамошните машки жители, главно на возраст меѓу 20 и 40 години, поитаа на вакцинирање создавајќи долги редици пред медицинските редици, пренесуваат во понеделникот медиумите.

Првите случаи на мајмунски сипаници се појавиле во Њујорк во мај, а кон крајот на минатата седмица регистрирани се 461 случај на заразата. На почетокот од минатата седмица, пак, имаше 223 заразени.

Според последните објави на здравствените власти со болеста може да се зарази со близок физички контакт, но вакцината „Jynneos“ моментално е резервирана само за хомосексуалните мажи кои чинат најголемо мнозинство од заразените. ЛГБТИ заедницата во Њујорк е загрижена дека поради овој вирус, нивната заедница ќе биде дополнително стигматизирана.

Центарот за вакцинирање отворен во гимназија во Бруклин потсетува на редовите кои се создаваа за вакцините против Covid-19. Мажите кои чекале во ред, едногласно потврдиле за AFP дека имале среќа што воопшто успеале да резервираат термин.

На интернет страницата во петокот во 6 часот утрото по локално време имало известување за 9,200 слободни термини за вакцинирање, и сите биле пополнети за само седум минути. Три дена подоцна страницата била толку оптоварена што паднала.

Стручњаци за анализа на податоците тврдат дека најмногу шанси за резервација на термин имаат оние кои се најактивни на социјалните мрежи.

Заинтересираните се жалат дека морале да „висат“ на компјутер сѐ додека не добијат термин. Но се жалат дека нивните партнери сѐ уште не можат да добијат термин за вакцинирање. Разочарани се од начинот на кој се одвива вакцинацијата и сметаат дека тоа „воопшто не би смеело да биде проблем“, бидејќи вакцината веќе постои.

Поради недостиг од дози, центарот во Бушвик во понеделникот веројатно воопшто нема да биде отворен, а комесарот за здравство Ејшвин Васан истакнува дека на Њујорк му се потребни десетици илјади дози од вакцината. Њујорк досега потрошил 21.500 дози од вакцината, надевајќи се дека ќе ја забрза постапката за вакцинирање и се очекуваат над 30.000 нови дози за целата сојизна држава.

Мајмунските сипаници ги карактеризираа рани на кожата кои може да се појавата на гениталиите или на устата. Болеста ја следи треска, болно грло и болки во лимфните јазли, како и исфрлање слично на она кај малите сипаници. Болеста вообичаено минува самата од себе, но може да има многу болен тек.

Се смета дека вакцинирањето против големите сипаници дава солидна заштита и од мајмунските сипаници, но не е познато колку долго трае заштитата по вакцинирањето.

Комисијата за хумани лекови (CHMP) при Европската агенција за лекови (ЕМА) во јуни започна со процена на податоците за проширување на индикации на вакцината „Imvanex“ за нејзина примена во заштитата од мајмунските сипаници.

Оваа вакцина моментално е одобрена во Европската унија за превенција за зараза со големите сипаници кај возрасни лица. Содржи жива модифицирана форма на вирусот на вакцинија (според вакцина), болест предизвикана од намерна инфекција на луѓето со вирусот на вакцинија (Virus vacciniae), наречен „вакцинија Анкара“, кој е поврзан со вирусот на големите сипаници.

Меѓутоа, резервите на вакцината „Imvanex“ во ЕУ во моментов се многу ограничени. Оваа вакцина е одобрена и на пазарот во САД под називот „Junneos“, каде е одобрена за превенција од мајмунските, како и на големите сипаници.