Долгогодишната шефица на YouTube, Сјузен Војџицки, почина на 56-годишна возраст од рак на белите дробови

Долгогодишната извршна директорка на YouTube, Сјузан Дајен Војџицки, која имаше клучна улога во историјата на Google во неколку наврати, почина во петокот на 56-годишна возраст од рак на белите дробови.

Војџицки живееше со оваа болест две години, напиша извршниот директор на Google, Сундар Пичаи во е-пошта до вработените. Војчицки минатата година се повлече од функцијата шеф на YouTube за да се фокусира на своето здравје.

Поранешната менџерка на „Intel“ ја изнајмила својата гаража на двајца основачи на „Google“, Лери Пејџ и Сергеј Брин, во 1998 година. Таа беше меѓу првите вработени во компанијата и помогна да се воспостави системот за прикажување реклами на „Google“, од што компанијата заработува.

Војџицки, исто така, се верува дека одиграла клучна улога во купувањето на „DoubleClick“, што ја зацврсти водечката позиција на „Google“ на пазарот за онлајн рекламирање во САД.

Пичаи потсети дека Војџицки беше една од првите „гуглери“ што ја искористи својата позиција за да им помогне на другите.

Таа прва земала породилно отсуство во компанијата. Нејзиното застапување за ова прашање помогна да се постави нов стандард за родителско отсуство и во други компании, напиша шефот на „Google“.

Неколку години по основањето, Војџицки ја надгледуваше сопствената видео услуга на „Google“ и ѝ препорача на компанијата да го купи старт-апот YouTube за 1,65 милијарди долари во 2006 година.

Под сопственост на „Google“, YouTube стана најголемата видео платформа во светот. Војчицки потоа го презеде управувањето со YouTube во 2014 година.