Македонскиот пазар со новиот проект Ист Гејт Мол конечно докажа дека е доволно квалитетен но и примамлив за големи светски брендови. Оваа година, долгоочекуваниот моден гигант “Hennes&Mauritz” (H&M) ја отвора својата прва продавница, а ексклузивниот лизинг агент за Ист Гејт Мол, Cushman& Wakefield |FORTONMKA компанија за консултантски услуги и посредување во областа на комерцијални недвижности, ги водеше преговорите.
„Комуникацијата со “H&M” беше долга и комплексна. Koнтинуираната упорност, обемните истражувања на пазарот и регионот, но пред сѐ вербата дека Ист Гејт Мол е вистинска дестинација, допринесоа модниот гигант “H&M” кон крајот на минатата година да донесе позитивна одлука за влез на пазарот“, изјави Маја Зивчевиќ, Сениор консултант за малопродажен простор во Cushman& Wakefield |FORTONMKA.
“H&M” со своето уникатно портфолио значително ќе влијае македонските потрошувачи да се стекнат со едно ново потрошувачкото искуство. Влезот на “H&M” ќе има позитивно влијание и на севкупниот економски амбиент имајќи предвид дека потрошувачите токму поради овој бренд патуваа во соседните држави на “шопинг”, а наскоро ќе го имаат на македонскиот пазар, во Ист Гејт Мол.