Долгот на Украина достигна над 100 милијарди евра

Државниот долг на Украина заклучно со 30 април изнесува 124,3 милијарди долари, што е приближно 116,1 милијарди евра, објави претседателот на комисијата на украинскиот парламент на Врховната рада за финансиска, даночна и царинска политика, Данило Гетманцев.
Во соопштението на својот канал на Телеграм, Гетманцев додаде дека националниот долг на Украина во април се зголемил за дополнителни 4,4 милијарди долари или 4,1 милијарди евра.

Тој прецизираше дека учеството на надворешниот долг во структурата на јавниот долг изнесува 66,9 отсто – пред почетокот на конфликтот со Русија бил 60,9 отсто, а учеството на внатрешниот долг е 33,1 отсто пред конфликтот бил 39,1 отсто. Учеството на јавниот долг во девизи изнесува 69,8 отсто.