Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ќе им ги отпише каматите на долговите на своите корисници, доколку ги подмират заостанатите сметки во следните 45 дена, односно до крајот на јуни.
Долговите ќе можат да ги исплаќаат во целост или на повеќе рати.
Долговите од 10.000 до 30.000 граѓаните ќе може да ги платат на 2 рати. Од 30.001 до 50.000 денари на 3 рати. Од 50.001 до 70.000 денари на 4 рати, од 70.001 до 90.000 денари на 5 рати, а износот над 90.000 денари ќе се плаќа на 6 рати.
Фирмите, догот од 10.000 до 50.000 денари ќе може да го плаќаат на 2 рати, од 50.001 до 100.000 денари на 3 рати, од 100.001 до 150.000 денари на 4 рати, од 150.001 до 200.000 на 5 рати и долговите над 200.001 денар на 6 рати.
За подобрување на услугите и наплатата, „Водовод“ донесе одлука и за бесплатно евидентирање на сите нелегално изведени приклучоци и без потребната документација за градба, исто така во следните 45 дена.
Регуларно, евидентирање на приклучок во водоводниот систем чини 7.080 денари.
Корисниците кои нема да ја склучат времената спогодба во предвидениот рок, ќе бидат исклучени од водоводниот систем.
Трошоците за заверка на договорите на нотар, ќе битат на товар на претпријатието.