
Вчера во 19.35 часот во СВР Битол, а С.Ш. (39) од селоИвањевци, битолско, пријавил кривично дело „разбојништво“ и кривично дело „противправно лишување од слобода“.
Имено, во саботата, додека пријавителот бил во кафеана во Ивањевци, околу 19 часот, му пришле три лица.
Меѓу нив било лицето Д.Н од село Чарлија, од кого С.Ш. имал позајмено 30.000 денари, лицето З.Н. и уште едно непознато лице, кои му предложиле да излезат надвор и да поразговараат. С.Ш. доброволно се качил во возило „Бе-Ем-Ве“, најверојатно сопственост на З.Н. и се упатиле во село Долно Оризари, во куќа каде З.Н. престојувал под кирија.
Тогаш Д.Н. го фатил С.Ш. за врат, го извадил од возилото и физички го нападнал удирајќи го со тупаници во пределот на телото и со ножици му ја сечел косата, воедно барајќи да му ги врати парите кои му ги должел. Притоа му одзел 1.600 денари.
Наредниот ден Д.Н. му дал рок на С.Ш. до денеска (15.08.2016) до 12 часот да му донесе 90.000 денари, во спротивно ќе го убиел. Потоа, З.Н. со возилото го вратил во Ивањевци.
СВР Битола презема мерки за целосно расчистување на случајот.