Должник нападнал канцеларија на извршител

Должник нападнал канцеларија на извршител вчера.

Како што информира МВР, вчера околу 13.10 часот во ЕИК-Скопје, С.Ј. пријавила  дека на ул. „Максим Горки“, во  канцеларија на извршителката  А.Е. дошол должникот Ж.Ж.А. од Скопје и физички ги нападнал вработените во канцеларијата по што избегал од местото на настанот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.