Домаќинствата што трошат многу струја ќе плаќаат поскапо, домаќинствата од регионот веќе плаќаат по тој модел, кој троши ќе плати двојно

Домаќинствата што трошат повеќе струја, ќе плаќаат поскапо. Оние, кои ќе ја рационализираат својата потрошувачка ќе добиваат помали сметки и ќе плаќаат помалку. Ова ќе го овозможи новиот тарифен модел кој го најавува Регулаторната комисија за енергетика. Иако кај нас овој модел е нов, во домаќинствата од соседството веќе плаќаат струја на тој начин.

Српските домаќинствата плаќаат цена поделена во три групи, според висината на потрошувачката. Во „зелената зона“ спаѓаат домаќинства и мали потрошувачи кај кои месечната потрошувачка на електрична енергија е до 350kWh. Во „сината зона“ спаѓаат домаќинства и мали потрошувачи кај кои месечната потрошувачка на електрична енергија е помеѓу 350kWh и 1600kWh. Во „црвената зона“ спаѓаат домаќинства и мали потрошувачи кај кои месечната потрошувачка на електрична енергија е поголема од 1600kWh. Цената на еден киловат час, е различна во различните зони, односно во сината зона е најниска, а во црвената зона е највисока.

Домаќинствата во Црна Гора, пак, се поделени во 4 тарифни пакети – основен, син, црвен и зелен. Од понудените пакети, блок-тарифи има само кај плавиот модел. Плавиот модел се однесува за потрошувачи кои имаат двотарифно броило. Притоа се користи една цена за потрошена електрична енергија до 150 kWh во скапа тарифа и 150 kWh во евтина тарифа, а над таа потрошувачка се користат други цени.

Моделот по кој ќе плаќаат и македонските домаќинства ќе биде сличен на овој, односно оние кои трошат помалку и се енергетски ефикасни ќе плаќаат помалку. Целта на овој модел е да се обезбеди поголема правичност и да се стимулираат граѓаните да бидат рационални во трошењето на енергијата. Неодамна Регулаторната комисија за енергетика објави дека 17 домаќинства трошат скоро 10 отсто од вкупната енергија, а плаќаат по цена како и сите други домаќинства.