Дома криеле „калашников“, пушка и пиштоли

Полицијата во две куќи во кумановското село Черкрско село, пронашла мал арсенал на оружје, информираше МВР.

На 22.06.2018 година во 5.30 часот, врз основ на судска наредба, полициски службеници од СВР Куманово извршија претрес на неколку локации во Черкеско село, кумановско. Притоа, во домот на Б.И. (38) биле пронајдени и одземени една автоматска пушка и две рамки со 45 куршуми. Додека, во домот на Н.Б. (58) биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка калибар 7,62 мм со рамка со осум куршуми, пиштол „Смит Венсон“ со рамка со осум куршуми, пиштол „Пат Енгл“ со рамка со шест куршуми, една рамка со осум куршуми калибар 7,62 мм и една ловна пушка „Бајкал“ калибар 12х76 со четири патрони.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против Б.Н. и Н.Б. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија.