Домашните производители на брашно следната седмица ќе ги намалат цените, уверува Бектеши

Производителите на брашно во државата следната недела дополнително ќе ја намалат цената на брашното, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил.

„Денеска бев информиран дека од наредна недела ќе следи дополнително намалување на цената на брашното, од нашите производители“, објави Бектеши.

Претходно Бектеши соопшти дека Министерството за економија е отворено за конкретни предлози за други мерки, механизми и методологии но кои, како што нагласи, се одржливи. Досега добиле конкретен предлог само за укинување на сите царински давачки.