Доминик Рааб го критикува договорот со ЕУ за брегзитот

Поранешниот главен преговарач за истапувањето на Велика Британија од Европската унија, Доминик Рааб кој претходно седмицава си поднесе оставка од должноста министер за надворешни работи поради несогласувањата со планот на премиерката Тереза Меј, во недлата го критикуваше нацрт-договорот за ова мачно прашање за двете страни.

Нацрт договрот со ЕУ е прифатен во средата на седницата на британската влада, но доведе до серија оставки и предизвика остри критики од пратениците на владејачката Конзервативна партија, кои во голем број бараат да се гласа за недоверба на владата на нивната партиска челничка Тереза Меј.

Доминик Рааб во разговорот објавен во неделата во весникот The Sunday Times, вели дека до европските преговарачи не стасала пораката дека Брисел не смее „да го уценува и да го заплашува“ Лондон.

За некои елементи од нацрт-дпоговорот за брегзитот вели дека се „најлошите“ можни решенија. Некои во Бриселел се покажале како „предатори“, вели Рааб и тврди дека Лондон мора да има порешителен пристап.

Меј, пак, пред пратениците тврдеше дека компромисното решение е најдоброто можно за земјата, но дека ја очекува уште тешка битка во парламентот. Доколку парламентот го отфрли договорот, земјата ја очекува хаотичнмо раздружување со ЕУ без договор.

„Мораме на земјата искрено да и’ кажеме дека да дозволиме да бидеме подмитувани и уценувани или заплашувани и дека ќе свртиме грб и ќе заминеме, доколку е потребно“, вели Рааб..

Ја критикува и ирската влада велејќи дека „од политички причини се однесувала неодговорно“, кога станува збор за спорниот заштитен механнизам за границата на ирскиот остров меѓу ЕУ и Обединетото Кралство.