Како дел од мирните протести кои петнаесетина денa се одржуваат во општината, иницијаторите велат дека ги покриваат и деновите од викендот, а акцијата се одвива под мотото „Подари книга, зачувај јазик“.
– Ние од Здружението „За заедничка Македонија“ се собравме под мотото „Подари книга, зачувај јазик“ со искрена и чиста мисла да потсетиме дека македонскиот јазик е единственото нешто кое го имаме. Собраните книги се наменети за Заводот за рехабилитација „Бања Банско“ во чиј склоп има училиште. Се надеваме дека ќе измамиме искрени насмевки од дечињата, истовремено им се заблагодаруваме на сите кои учествуваа во акцијата, рече Елена Орцева од граѓанската иницијатива.
На денешната акција, иницијативата „За заедничка Македонија“ собра 150 книги.