Донација од Владата на Народна Република Кина денеска ќе и биде примопредадена на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) на церемонија која ќе се одржи во просториите на Дирекцијата.
По тој повод, документ ќе потпишат амбасадорот на НР Кина во Република Македонија, Вен Џеншун и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
По церемонијата на примопредавање во магацинскиот простор на Дирекцијата ќе биде презентирана донацијата.