Доналд Трамп ја покрена својата официјална веб-страница

Поранешниот републикански претседател на САД, Доналд Трамп, ја покрена својата официјална веб-страница https://www.45office.com , платформа преку којашто ќе остане во контакт со своите приврзаници и ќе информира што работел додека бил на должноста.

На насловната страница на 45office.com се прикажани фотографиите на Трамп со разни личности, вклучително и со неговата сопруга Меланија, припадници на армијата и светски челници, коишто се снимени во текот на неговиот претседетелски мандат.

„Кабиентот на Доналд Џи Трамп е доследен во зачувувањето на наследството на Трамповата администрација, додека истовремено ја промовира агендата Америка прва“, се истакнува во пораката на веб-страницата.

На страницата е поставен и текст кој ги претставува придобивките за земјата во неговиот мандат, истакнувајќи ги достигнувањата на полетото на енергетиката и безбедноста на границите на САД, зајакнувањето на НАТО и другите меѓународни сојузи, како и неговиот одговор на пандемијата,

Трамп, и покрај напорите да биде елиминиран од политичката сцена, задржа значително влијание во Републиканската партија и покрај поразот на претседателските избори во ноември 2020 година, што укажува на преовладувачкото мнение кое го поддржува неговото тврдење дека изборите му се украдени во полза на демократскиот актуелен претседател Џо Бајден. Трамп, покрај, тоа неодамна повторно навести дека е можно повторно да се кандидира на изборите во 2024 година.

Во интервју за телевизиската мрежа Fox News претходно месецов, Џејсон Милер, кој беше портпарол на кампањата на Трамп во 2020-та, изјави дека поранешниот претседател ќе покрене и сопствена социјална мрежа за два до три месеца.

Според помошникот на поранешниот американски челник, Трамп „ќе се врати на социјалните медиуми за два или три месеца“. Ќе објавува на „нова сопствена платформа“, која ќе привлече „десетици милиони“ корисници. Тоа „потполно ќе ги промени правилата на грата“, оцени Милер.

Милер не даде поединости за тоа како точно Трамп ќе ги објавува своите материјали. Повеќе републикански првенци претходно ја најавија можноста од создавање своевиден аналог на популарните социјалните мрежи, поради ограничувањето на пристапот за групи на нивните поддржувачи. Според нив, многу од достапните ресурси на интернет се контролирани од приврзаници на демократите и организации блиски до нив.

Социјалните мрежи Twitter, Facebook, Instagram и Twitch ги блокираа акаунтите на Доналд Трамп во временски периоди поради неговите објави со кои тврдеше дека претседателските избори од 3-ти ноември 2020 година се украдени. На републиканецот, исто така, му беше забележувано и поради објавите со кои го повикуваше своите преврзаници да бидат мирни по насилното влегување на Капитол Хил на 6-ти јануари но исто време нарекувајќи ги патриоти и повторувајќи ги обвинувањата за изборна кражба.

Поради овие објави, демократите во Конгресот го започнаа вториот процес за отповикување и осудување (импичмент) против Трамп иако на 20-ти јануари му заврши мандатот, со цел да издејстуваат забрана да се кандидира. Подоцна, Трамп беше ослободен од обвинувањата во процесот на судење во Сенатот.

Подоцна од Twitter објавија дека сервисот трајно го ограничува пристапот на Трамп до својата платформа, дури и доколу тој повторно се кандидира и победи на следните претседателски избори.