Хилари Клинтон во телефонски разговор му ја честитала победата на Доналд Трамп уште пред да бидат преброени гласовите. Со победата во Висконсин Трамп доби повеќе од 270 гласови во Изборниот колегиум, кои се потребни за победа.
Доналд Трамп излезе со победнички говор пред поддржувачите, и најави дека ќе биде претседател на сите Американци.
„Ние немавме кампања, туку прекрасно движење, кое очекува Владата да му служи на народот. Работејќи заедно, ќе се обидеме да ја направиме Америка повторно голема“, изјави Трамп.
Тој рече дека добил повик од државната секретарка Хилари Клинтон, која вели тој, му честитала нему и на неговото семејство победа. Трамп истакна дека во исто време тој и честитал за кампањата, која таа и нејзиното семсјтво ја воделе изминатиот период.
Трамп најави дека ќе работи на изградба на државата, од инграструктура до економија. Тој и се заблагодари на неговата фамилија за поддршката што му ја дала во текот на целата кампања.
Пред да се појави Трамп, неговиот потпретседател Мајк Пенс рече:
„Ова е историска ноќ. Американскиот народ го избра новиот шампион. Новиот претседател на САД“, рече Мајк Пенс, велејќи дека му е чест да служи како нов потпретсеадтел на САД.
Во изборниот штаб на Хилати Клинтон скаменети лица, солзи, шок и неверување.
Како што јави репортерката на CNN од самото место, ситуацијата се променила само за неколку часа, од еуфорија до гробна тишина.
IN FULL: @realDonaldTrump speaks to his party faithful for the first time since winning the #election2016 #usavotes https://t.co/6ZxESa74pG
— ABC News 24 (@ABCNews24) November 9, 2016