Доналд Трамп надмоќно до историската победата во Ајова

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп освои 51 отсто од гласовите на републиканските партиски соири (кокуси) во сојузната држава Ајова, оставајќи го гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис далеку зад себе, според податоците по 96 отсто обработени гласови.

    ДеСантис освои 21 отсто од гласовите и остана во трката. Освојувањето на второто место во Ајова за него беше исклучително важно, бидејќи потроши многу време и пари на кампањата во оваа сојузна држава.

    Поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, се најде на третото место со 19 отсто од гласовите. Анкетите предвидуваат многу подобар резултат за неа следниот вторник на партиските избори во Њу Хемпшир. Потоа доаѓа Јужна Каролина, каде и Хејли и ДеСантис се надеваат на многу подобри резултати.

    Со овој историски резултат, бидејќи никој никогаш не ја освоил Ајова со таква разлика, Трамп си обезбеди 20 делегати на националната конвенција, ДеСантис осум, а Хејли седум.

    Помалку од осум проценти од гласовите доби четвртиот кандидат, бизнисменот Вивек Рамасвами, кој веднаш по соопшувањето на прелиминарните резултати се повлече од трката у го поддржа Трамп. Сите други кандидати добија помалку од еден процент од гласовите.

    Големите американски телевизиски мрежи, чии објави главно се земаат како показател за исходите од изборите, го прогласија Трамп за јасен победник речиси веднаш по синоќешните избори, а тоа не се промени со доаѓањето на резултатите. Последната анкета пред конвенцијата, спроведена за телевизиската мрежа NBC News, укажуваше дека Трамп има поддршка од 48 отсто, Хејли од 20 отсто и ДеСантис со 16 отсто од републикаците во Ајова.

    Прелиминарните избори во Ајова ги одбележа екстремен студ, а славеше кандидатот со најжестоки поддржувачи. „Мора да дојдете на собирите, дури и ако се онесвестите од исцрпеност“, ги повика Трамп во неделата.

    Во Ајова, Трамп го собори и рекордот за поддршка на кандидат кој моментално не е во Белата куќа. Досега, рекордот го држеше републиканецот Боб Дол, кој победи на прелиминарните избори во Ајова во 1988 година со 12 отсто разлика пред најблискиот ривал. Трамп обезбеди предност од околу 30 процентни поени.

    Демократите ги започнуваат своите прелиминарни избори на 23-ти јануари во Њу Хемпшир.

    Ајова е мала, рурална држава која сочинува еден процент од вкупното население на САД, но таа е симболично важна бидејќи таму традиционално започнуваат прелиминарни избори.

    Партиските избори и конвенции ќе продолжат и во наредните недели и месеци, до јули, кога се одржува Националната конвенција на Републиканците во Милвоки и август, кога ќе се одржи Демократската конвенција во Чикаго. Таму делегатите од двете партии ќе ги потврдат победниците кои ќе се натпреваруваат на претседателските избори на 5-ти ноември.

    Во моментов нема индиии дека трката ќе биде поинаква од 2020 година, кога републиканецот Трамп и демократот Џо Бајден, кој исто така нема сериозна конкуренција во сопствената партија, се пресметаа.