Доналд Трамп нема да сведочи на судењето за измама во Њујорк

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави во неделата дека нема да сведочи пред судот во Њујорк оваа седмица, каде што се очекува да се појави по вторпат за да докаже дека неговата компанија не ја претставила погрешно вредноста на своите недвижности за да добие поволно финансирање.

Судскиот процес за граѓанска измама, којшто започна во октомври, е еден од неколкуте правни предизвици со кои се соочува поранешниот претседател додека се обидува да се врати во Белата куќа.

Во неделата Трамп на социјалните мрежи објави „нема да сведочам во понеделник“. Поранешниот претседател и републикански фаворит за следните претседателски избори рече дека веќе сведочел и дека „нема ништо повеќе да каже освен дека ова е целосно мешање во изборите“.

Во своето прво појавување во ноември, Трамп често избегнуваше директни одговори и се нафрли критикувајќи за нечесмни и неправедно постапување кон него.

Судијата што го надгледува судењето, Артур Енгорон, веќе пресуди дека Трамп и неговите возрасни синови манипулирале со финансиските извештаи за да ги измамат банките и осигурителите со цел да добијат подобри услови за заеми и осигурување.

Обвинителката на државата Њујорк, Летиција Џејмс, бара отштета од 250 милиони долари и трајна забрана против Трамп и неговите синови Доналд Џуниор и Ерик да водат бизнис во Њујорк.

Трамп се соочува со четири неповрзани федерални и државни кривични обвиненија, вклучително и две кои произлегуваат од неговите обиди да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година. Тој се изјасни за невин во сите тие случаи.

Сепак, ниту еден од овие случаи не го загрози неговото водство во трката за републиканска претседателска номинација и воопшто во споредба со можните демократски ривали за изборите во ноември 2024 година, вклучително и актуелниот претседател Џо Бајден кој најави дека ќе се трка за втор мандат.