Донарума официјално во ПСЖ, Интер се засили од Милан

Италијанскиот голман Џајнлујџи Донарума го комплетираше трансферот од Милан во Пари Сент Жермен, откако вчеравечер, во базата од „азурите“ ги помина потребните медицински прегледи.

Донарума во францускиот „дрим тим“ ќе потпише договор до 2026 година. Од ПСЖ информираат дека Донарума нема загарантирано место на голот, туку ќе ја дели минутажата со Кејлор Навас, кој е староседелец во Париз.

Интер се засили од Милан

Од Милан покрај Донарума си замина турскиот репрезентативец Хакан Чаланоглу, кој се пресели во Интер.

Чаланоглу боите во Милано ќе ги промени како слободен агент, откако му заврши неговиот договор со „росонерите“.

Трансферот го потврди фудбалерот кој најави дека денеска ќе ги помине потребни прегледи пред да стави потпис на тригодишниот договор.