Донаторска акција на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ за лекување на малиот Мартин Мицев

Повеќе од 1,3 милиони денари се собрани на денешната донаторска акција што по шести пат ја организира Фондацијата „Трајче Мукаетов“.

Собраните средства ќе бидат донирани за лекување на 18 месечно бебе на вработен во компанијата на кое му е дијагностицирана исклучително ретка болест ембриобластен тумор на мозокот.

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов вели дека денеска се собрало целото алкалоидово семејство да придонесе за лекувањето на бебето.

Денеска се собравме целото алкалоидово смеејство да придонесеме за лекувањето на бебето и да молиме бога дека тоа ќе оздрави, ќе продфолжи да расте и еден ден можеби ќе биде дел од „Алкалоид“. Ќе ја дадеме целата наша поддршка за Мартин да се излечи- изјави генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.

mukaetov

Во донаторската акција учествуваа и Фармацевскиот факултет, веледрогеријата „Еурофарм“, поединци и соработници на „Алкалоид“ кој годинава одбележува осум децениско постоење.

Бебето Мартин Мицев неодамна е оперирано во Македонија и ќе следува негов постоперативен третман на клиника во Германија.