![luka doncik so patiki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/12/luka-doncik-so-patiki.jpg?resize=696%2C348&ssl=1)
Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, е прогласен за најдобар играч на Западната конференција во третата недела од тековната сезона во НБА лигата. Просечниот учинок на Дончиќ беше 30.3 поени, 12 скока и 11.3 асистенции по натпревар, а два од трите натпревари ги заврши со трипл-дабл учинок.
Од друга страна, за најдобар на Истокот беше прогласен Џејсон Тејтум. Крилото на Бостон постигна 33 поени, 5.3 скока и 2.7 асистенции по натпревар во трите победи на неговиот тим.