Дончиќ со страшен трипл-дабл го победи Бруклин, навивачи фрлија чаша кон него (ВИДЕО)

Екипата на Далас Маверикс излезе како победник од најинтересниот меч кој рано утрово се одигра во НБА лигата. Клубот од Тексас по една драма која донесе и дополнителни минути го доби Бруклин Нетс со 129-125.

Средбата во Њујорк донесе многу возбудувања, меч во кој се истакнаа најголемите ѕвезди во двете екипи, ама на крајот Лука Дончиќ беше тој што се најде во фокусот, а причината за тоа е секако победата на неговиот тим, но и партијата од 41 поен, 11 скокови и 14 асистенции.

Ова за него беше 47. трипл-дабл со што воедно стана десетти играч во историјата на НБА лигата што имал најмалку три натпревари со ваков учинок од +40 поени. Негова најголема поддршна беше Хардавеј Џуниор со 18 поени, додека кај поразените Ирвинг уфрли 39, а Дурент 37 кошеви.

Воедно ова беше дуел кој го одбележа еден инцидент во продолжението кога од трибините летна чаша која беше наменета за Дончиќ. За среќа Словенецот не беше погоден, меѓутоа ова е недопустливо за НБА и сигурно тој што ова го направи ќе биде пронајден и санкциониран.

Далас има учинок од два победи и два порази, Нетси пак имаат четири порази во досегашите пет натпревари.

РЕЗУЛТАТИ:

Нетс – Маверикс 125:129 (прод.)
Тандер – Клиперс 118:110
Вориорс – Хит 123:110
Кингс – Гризлис 110:125