Во Германија граѓаните веќе подолго време се соочуваат со постојани поскапувања, а сега поскапе еден од нивните најомилени специјалитети за брза храна – Донер ќебап.
Еден ресторан за брза храна во Франкфурт на Мајна прв ја подигна цената на „Донер“ на десет евра, со што достигна рекордна цена досега.
„За жал, принудени сме да ги зголемиме цените на нашите производи. Условите на пазарот на месо и суровини во последните месеци значително се заострија. За да можеме да продолжиме да им нудиме на нашите клиенти вкусен „Донер“, мораме да ги прилагодиме нашите цени“, им порача на купувачите во порака на излогот сопственикот на „Тон Бул Грил и Кебап Хаус“.
Сопственикот Угор Џумашакбас за германските медиуми изјавил дека не се работи за профит, туку за егзистенција, пренесува Танјуг.
Тој посочува дека се поскапело – плин, месо, брашно, зеленчук.
Во 2013 година, тој го отвори својот ресторан во центарот на Франкфурт, но сепак нуди „Донер“ за пет евра.
За време на пандемијата, цените веќе еднаш се зголемија, но потоа тој не ги префрли дополнителните трошоци на клиентите.
„За време на пандемијата, килограм месо веќе поскапе за 2,20 евра, а сега со новата криза дополнително се зголеми. Трошоците за енергија исто така значително се зголемија, а нашите печки мора да работат на 400 степени 13 часа дневно“, објасни тој.
Првото големо поскапување на „Донер“ во Германија е забележано во април, кога претседателката на Здружението на производители на овој специјалитет, Гирсел Илбер, изјави дека „Донер“ треба да чини 7,30 евра.
Меѓутоа, тогаш повеќето „Донер“ имбиси останаа по цена од пет до шест евра.
Инаку, во Берлин „Донер“ долго време чинеше 3,50 евра.