На аеродормот Александар Велики во Скопје синоќа беа пречекани посмртните останки на Анита Андреевска која во понеделникот загина за време на терористички напад во Брегот на Слоновата коска.
Анита долги години работела во мисијата на Обединетите нации во Кандахар, Авганистан, а од лани била префрлена на нова работна задача во Брегот на Слоновата Коска.
На аеродромот, присуствуваше нејзиниот брат со сопругата, како членови на нејзиното најтесно семејство.
Фракција на „Ал каеда“ ја презеде одговорноста за нападот на туристичкото место Гранд Басам на Брегот на Слоновата Коска во кој беа убиени 16 лица. Четворица од загинатите биле државјани на Германија, Франција, Буркина Фасо и на Камерун.
Фотографијата е превземена од ТЕЛЕГРАФ