Донирајте за операција на 16-годишната Ана

Ана Радеска (16) од Скопје живее со ретко медицинско нарушување, кое предизвикува сериозни здравствени компликации. Станува збор за ретката болест Арнолд Киари.

Единствената шанса за нормален живот на Ана е сложена операција на мозокот во специјализирана болница во Германија.

Вкупните трошоци изнесуваат 37 илјади евра, што ја опфаќа операцијата, престојот, лекувањето и транспортот.

Семејството на Ана нема можност да ги покрие овие средства и затоа деновиве преку социјалните мрежи апелира за поддршка, за донации и за споделување на приказната на Ана со колку што е можно повеќе луѓе.